Оер: Франција е во жалост по терористичкиот напад во Ница

Од:

Денеска Франција жали поради чинот којшто се случи и кој не може поинаку да се оцени освен како терористички, во кој загинаа 84 лица, меѓу нив голем број деца, а има и голем број сериозно повредени. Сите во Франција сочувствуваат и сите се во потрага по своите најблиски, изјави денеска во француската резиденција амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер .

Оер потенцира дека според досегашните сознанија нема македонски државјани меѓу жртвите. Отворен е ургентен број во Париз каде што луѓето ќе можат да се информираат.

Таа истакна дека на барање на францускиот претседател Оланд во сите нивни амбасади ќе биде прогласен Ден на жалост во наредните три дена, а ќе биде отворена и Книга на жалост за сите оние кои ќе сакаат да се потпишат во неа.

Оер рече дека напаѓачот е идентификуван и дека станува збор за француско-туниски државјанин на возраст од 31 година, кој се одлучил за вистински терористичко-исламистички чин.

– Да се влета во толпа од луѓе со камион по завршувањето на дефилето, а во моментот на огнометот по повод прославата на шеталиштето наречено Англиска променада е навистина нешто со голема симболика. Фактот што атентатот се случи на 14 јули е со посебна тежина за нас затоа што веќе подолго време правиме напори во борбата против таквите чинови особено по терористичкиот напад на Шарли Ебдо кој се случи на 7 јануари 2015 година, а потоа и терористичките напади во Париз на 13 ноември истата година. Од тогаш постојано безбедноста во Франција е зголемена, посебно бевме претпазливи за време на Европското фудбалско првенство, но и во текот на организирањето на Самитот за Западен Балкан на којшто сме навистина посебно горди. Но, сепак да се направи напад на денот на францускиот национален празник – на Денот на слободата е навистина полно со симболика за нас затоа што станува збор за симболиката на Француската Република кога голем број странци, голем број туристи, но и жители на Ница биле присутни на самото место во градот покрај Медитеранот. Она што можам да кажам е дека ќе одговориме најдобро што можеме преку истрагата, но исто така ќе дадеме се од себе во иднина такви настани да не се повторат, рече Оер.

Таа нагласи дека Франција нема да попушти пред борбата против тероризмот за што, рече, е неопходна целокупната меѓународна соработка со сојузниците и партнерите бидејќи, вели, многу добро знаеме дека претставуваме цел, но не како индивидуи, туку како системот на вредности кој го споделуваме.

– Затоа ќе одговориме бидејќи не сакаме повеќе да се случуваат невини жртви да гинат. Затоа и меѓународната соработка е неопходна повеќе од кога и да е во овој момент која е исто така поткрепена и со огромна солидарност од сите страни. Пораки на сочувство дојода и од претседателот Ѓорге Иванов, од политичките партии, од министрите… Овие пораки на солидарност ни се навистина потребни во овие тешки моменти и затоа искажуваме големо признание на Република Македонија, рече Оер.

Според најавите, од утре па во наредните три дена ќе биде прогласен Ден на жалост во Амбасадата, а од понеделник до среда во терминот од 10 до 13 часот ќе биде отворена Книга на жалост за сите кои сакаат да изразат сочувство.

Би можело да ве интересира

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Во Ница се преврте вагон на туристички воз, повредени се 11 лица

Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска