Одронета е поголема карпа на патниот правец Маврово-Дебар, кај бензинската пумпа на Макпетрол, во близина на Манастирот Бигорски . Сообраќајот наместо по патот се одвива преку бензинската пумпа, соопшти АМСМ.
Според најавите на Македонија пат, одронот се расчистува во утринските часови.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.