Денеска активистите на ОДРАЗ-Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија беше во работна посета на граѓаните на град Куманово, во рамките на својот проект „Контра Спин“ под мотото „Ти си ние, ние сме ти, заедно сме посилни, оддели се партиски,активирај се граѓански“.
Активистите на ОДРАЗ како и секогаш во директен контакт со граѓаните на Куманово преку разговори и со делење на флаери со не цензурирани вести успеаа за мал момент на Кумановчани да им ја пренесе граѓанската слобода и малку да ги едуцира за своите права.
Граѓаните како и секаде беа изненадени од присуството на граѓанските активисти на ОДРАЗ и сакаа што повеќе вакви активности да се случуваат во нивниот град.Граѓаните од активистите побараа да се отвори некаква кацеларија и веднаш да се изгради граѓанско јадро на ОДРАЗ во Куманово,затоа што ги подржуваат активностите кои ги прави оваа организација и сакаат и тие да земат учество.Влатко Ристески –претседател на ОДРАЗ изјави.
„Во план сме да има канцеларија во секој град и секое населено место, ние нашите простории ги нарекуваме ослободена територија од разни притисоци. Денеска во ова време што го живееме каде не функционира системот како што треба, нашата организација има премногу работа.Се јавуваат граѓани од целата наша држава со секакви проблеми кои ги имаат, а нашите активисти работат по 24 часа на ден, волонтерски без никаков паричен надоместок.
Се надевам дека ќе успееме нашата организација добро да ја воведеме во општетсвениот живот во Р. Македонија со изнаоѓање некои алатки во соработка со институциите за брзо решавање и евидентирање на проблемите“.
Во ОДРАЗ, велат активистите идат граѓаните затоа што имаат доверба во нас и нашата организација која заедно ја изградивме и се бориме за враќање на владението на правото и принципите на демократијата во нашата држава. Само граѓански можеме да го спасиме нашето граѓанско општетсво.