Одбележани 18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Од:

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, на обележјето кај катлановско Блаце, положија венец во спомен на единаесеттемина припадници на воздухопловниот ВИНГ, кои пред 18 години ги загубија своите животи враќајќи се од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Министерот Мисајловски по овој повод порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат заборавени бидејќи со своите дела покажале како се сака државата и како се сака татковината.

На спомен-обележјето кај катлановско Блаце почит на загинатите припадници оддадоа членовите на семејствата, како и делегации од Командата за операции, Првата пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ и од општината Петровец.

Со едноминутно молчење и положување венци од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ беше оддадена почит за единаесетмината загинати припадници и пред спомен-обележјето пред командата на ВИНГ-от во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во меморијалниот парк во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина, каде нашите припадници беа дел од мисијата АЛТЕА.

Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред осумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Хеликоптер се урна на островот Вајт во Велика Британија

А1он

Тринаесет години од хелихоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Ана Ололовска

Одбележани 12 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Ана Ололовска

Почна судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Ана Ололовска

Повторно одложено судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Ана Ололовска

Девет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Ана Ололовска