Одбележан светскиот ден на физиотерапевтите

Од:

На одбележувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите, под мотото „Физиотерапијата и менталното здравје“, лицата кои ја работат оваа професија побараа да се дефинира високото образование на физиотерапевти според европските нормативи, да се донесе закон за физиотерапевтска дејност и да се формира комора за физиотерапевти која ќе ги регулира, контролира и лиценцира физиотерапевтите.

– Физиотерапевтите во Македонија се соочуваат со ограничување во извршување на нивните професионални активности за кои се едуцирани поради законската регулатива со која не се дозволува самостојна физиотерапевтска дејност и покрај тоа што им се овозможува да се едуцираат дури на четири медицински факултети во земјата, нагласи претседателот на Македонското физиотерапевтско здружение, Блаже Арсов.

Наведе дека причина за таа состојба е намењето закон за физиотерапевтска дејност, поради што тие не можат да формираат сами приватни ординации за физиотерапија.

– Во јавното здравство, пак, поради лошата систематизација на работната позиција „физиотерапевт“ се вработуваат само или почесто физиотерапевтски техничари, колеги со средно образование, објасни Арсов.

Посочи дека тоа се должи на тоа што кога е формирано високото образование физиотерапевти не е предвидена соодветна работа позиција на новиот кадар на „дипломирана физиотерапевти“ или пак поради финансиската ликвидност на здравствените институции.

– Се претпоставува дека во последните 10 години имаат дипломирано околу 1.000 физиотерапевти, меѓу кои најголем број поради неможност за реализација во професијата се преккфалификуваат или иселуваат од државата, истакна Арсов.

Според него, денешното одбележување означува и почеток на една кампања за 2018/2019 година која ќе биде во соработка со Здружението за Цистична фиброза со цел да се подигне свеста на јавноста за потребите на оваа група пациенти чија здравствен статус 50 отсто зависи од респираторната физиотерапија. Проектот е под патронажа на амабасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

На одбележувањето на светскиот ден на физиотерапевтите беше промовиран и новата социјална мрежа за физиотерапевти и пациенти – физиотерапевти.мк, наменета за комуникација, споделување и самопромовирање на физиотерапевтите.

Би можело да ве интересира

Одбележување на Меѓународниот ден на физиотерапевтите

Ана Ололовска