Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Од:

 Изградба на инклузивно општество, обезбедување право на образование, работа и пристапност до институциите, и вклучување на лицата со инвалидност во сите сфери на општествениот живот, треба да бидат приоритети на сите општествени чинители, е пораката што денеска беше упатена на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност 3 Декември на Филозофскиот факултет во Скопје.

– Правото на работа е едно од фундаменталните права кое произлегува од Универзалната декларација за човековите права. Обезбедување пристојна работа за овие лица ќе им овозможи да излезат од кругот на сиромаштијата, стабилен приход, вклучување во општеството, можност да стекнат пријателства и да обезбедат социјална интеракција, а ќе им овозможи да бидат третирани како лица со свои права, вредности, потенцијали и способности, а не само како бројка или инструмент на економијата, истакна на одбележувањето министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Таа додаде дека Република Македонија е потписник на најважните меѓународни документи кога станува збор за вработување на социјално исклучени лица, и оти Уставот јасно укажува дека државата се грижи за социјалната сигурност и социјалната заштита, и гарантира дека секому под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Заради остварување на сите заложби и обврски согласно меѓународните документи, Ременски потенцира дека Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе се залага за плурализација на социјалната заштита и обезбедување повеќе средства за поддршка на обезбедувачите на услуги, за продолжување на процесот на децентрализација на социјалната заштита, зголемување на износите за алтернативните форми на згрижување, како и за воведување задолжително психо-социјална поддршка и рехабилитација на ранливите групи на граѓани пред влезот на пазарот на трудот.

Ќе се залагаме, додаде таа, и за промена на регулативите за вработување на лицата со инвалидност, на промоција на социјалната економија, како и на подобро организирање на работата во установите на социјалната заштита и реформа на структурата на центрите за социјална работа.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски истакна дека најмалку што може да се направи е на овие лица да им се овозможи образование без оглед на, како што рече, нивните физички, интелектуални и социјални карактеристики.

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ