Одбележан денот на ослободувањето на Крива Паланка

Од:

Со свечена седница на Советот на општина Крива Паланка, полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци и свечено пуштање во употреба на неколку патни правци беше одбележан претстојниот празник 8 Октомври, денот на ослободување на Крива Паланка.

На седницата присуствуваше делегација од збратимениот град Лугож, Романија, предводена од градоначалникот Франциск Болдеа, директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, пратениците Слаѓана Митовска и Трајчо Димков, претставници од МПЦ, Кривопаланечко архиерејско намесништво, политички партии и останати гости од јавниот живот во Крива Паланка.

– Голема чест е да се твори и вложува за развојот на сопствената општина, да се создава за разубавување, подобрување на инфраструктурата, културата, спортот и образованието, се во интерес на напредокот на градот. За тоа сме вложиле многу, јас и мојот тим во изминатите 8 години работевме посветено реализирајќи бројни проекти со буџетски средства и со огромна поддршка од Владата на РМ, истакна во обраќањето градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

На седницата беше доделена и осмооктомвриската награда која се доделува како општествено признание за особени постигнувања во разни области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и светот.

Годинашната награда 8-ми Октомври му беше доделена на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, институција која се грижи за развојот на младите образовани кадри во градот, повеќе од шест децении образува кадри кои ја афирмираат општината и државата ширум светот, за што говорат бројните награди и признанија доделени на наставниот кадар и ученциите.

Награда 8-ми Октомври му беше доделена на Цоне Крстевски, истакнат археолог од Крива Паланка кој со својата 40-годишна плодна истражувачка работа во овој регион, но и во Македонија и надвор од границите го афирмира богатото културно-историско наследство на државата.

Од страна на Здружението на пензионери на Крива Паланка и Ранковце во име на Сојузот на здруженија на пензионери на РМ на седницата му беше врачена и плакета за особени заслуги и поддршка на градоначалникот Алексовски.

По свечената седница пред спомен бистата на паднатите борци од НОБ беше положено цвеќе, а чествувањето на 8-ми Октомври продолжи со официјално пуштање во употреба на патишта и изложба на уметнички фотографии „8 години тетараски фестивал Св.Јоаким Оосоговски“ од Ѓорги Костовски.

Би можело да ве интересира

Кампања „Со почит“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Се гради пешачка патека во кејот на Крива Река

Емир Латифовиќ

Во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на „Гоце Фест 2016“

Емир Латифовиќ

Потпишан договор за фекална канализација во три населени места во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

Нова наставна насока во гимназијата „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Емир Латифовиќ

ФОТО: СДСМ Крива Паланка организираше крводарителска акција

Емир Латифовиќ