Од 644 тестирани 55 позитивни на Ковид-19, починати нема

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 644 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на Ковид-19: Скопје– 38, Битола– 6, Куманово– 5 , Прилеп– 3, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 4, Куманово и Кавадарци – по 2, Тетово, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 644 тестови: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-23, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-50, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-6, Биотек-15, Систина-9, лабораторија Лаор-1, Синлаб-27, Ремедика-8, Плодност-1, Генеа-4, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 297.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.201 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Би можело да ве интересира

Во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие хоспитализирани 26 лица

Во ковид центрите во Скопје има 22 нови и вкупно 448 пациенти