Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени Целзиусови.

Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 65 километри на час и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, во утринските и претпладневните часови со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север повторно се очекуваат врнежи претежно од снег.

На планините висината на снежната покривка дополнително ќе се зголемува, а ќе се формира и во некои пониски места.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени