Облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 22 степени

Од:

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно.

Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време