Според последните хидролошки мерења, нивото на Дојранското езеро е три пати повисоко од просекот за ноември.
Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамките на просечното, а отстапувања се бележат и кај реките. Двојно пониско ниво има реката Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун.