Николовски обвини за злоупотреби со концесиите за пасишта

Од:

Дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини за злоупотреби со давањето под концесија на пасиштата.

Според Николовски, на семејството Неделковски во 2009 година им биле дадени на располагање 186 хектари пасишта во селата Долно Чичево и Подлес.

Корисник на концесијата, како што посочи Николовски, била фирмата „Натурал Фуд ДОО“ Градско чиј сопственик е Виолета Неделковска и Друштвото за продукција „Вондер Интернационал – М“ од Скопје.

– Со овој договор фирмата Натурал Фуд ДОО Градско со само 60 кози користи пасиште кое одговара за 744 грла добиток. Јавно ја повикуваме Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори колку кози денес има корисникот и дали ја достигнал бројката која е предвидена со овој договор, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

ФФРМ: Здружувањето и договорното производство неопходни за успешно земјоделство

Емир Латифовиќ

Димовски на средба со производителите на ориз од Кочанско

Емир Латифовиќ

СДСМ: Власта води погрешна политика во земјоделството

Емир Латифовиќ

Димовски: Сопственото е најсигурно

Емир Латифовиќ

Почнува исплатата на субвенциите за поледелците

Емир Латифовиќ