Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ

Од:

„Викендов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување“ истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.

„По еклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори“ – изјави Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Николоски: Во 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

А1он