Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година, во контакт сме со ЕУ

Од:

Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески.

На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за повеќе теми, а посебен акцент ќе биде ставен на проблемот со новите протоколи на Европската Унија, EES (систем за влез/излез) и ETIAS (европски систем за информации и авторизација за патување), како два одделни системи што постепено ги воведува ЕУ за управување и контрола на влезот во Шенген зоната, едниот од 2025-та, а другиот од 2026 година, а кои за компаниите, како што велат од Комората, ќе преставуваат дополнително оптоварување.

-Во однос на правилата за влез во ЕУ тие се одложени за Македонија, ќе стартуваат, ако стартуваат следната година доколку повторно нема одлагања. Во меѓувреме сме во активен дијалог со претставници на ЕУ и по некоја случајност по оваа средба ќе имам средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, која не е поврзана со оваа, но сепак имаме активна комуникација и секако ќе направиме се што можеме за македонските граѓани полесно да влегуваат во ЕУ. Во суштина она што сме информирани е дека постојниот систем на ЕУ се дигитализира, светот, технологијата одат напред и во таа насока треба да се почитува она што го воведува ЕУ од еднс страна, но од друга страна да не се комплицира процедурата за влез на македонски граѓани. Секако Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања имаат комуникација и заеднички како Влада ќе се координираме кога ќе се воведе, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот долж Коридорот 10

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

А1он