А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Независните полициски синдикати на Македонија и Србија заедно ќе работат на заштита на правата на полицајците

by А1он15/09/2017 - 15:5270
Share0

За подобрување на правата на полициските работници за заштита во службата во случај на потреба од употреба на огнено оружје денеска во Скопје се разговараше меѓу независните полициски синдикати на Македонија и на Србија.

Добивај вести на вибер

– Во изминатите неколку месеци ние во Република Македонија, а и вработените во српската полиција, особено членовите на независните синдикати имаме слични проблеми во текот на редовните работни активности и функционирањето на работните места. Пред 40-тина дена имавме сериозен проблем со известувањето од Струмица каде полициски службеник пред време од одредени институции беше осуден за употреба на оружје за време на полициска акција, без судски да се докаже неговата вина и практично го направија потенцијален убиец, изјави претседателот на македонскиот Независен полициски синдикат Гоце Делчев Тодев по средбата.

Нагласи дека сите законски регулативи во наредниот период мора да се прилагодат според вистинската потреба на терен и на полициските работници, во случај на потреба од употреба на огнено оружје, и да бидат според европските и светските стандарди. Посочи дека што поскоро треба да се укине Колективниот договор потпишан во 2015 година со Македонскиот полициски синдикат, бидејќи, како што рече, им нанесе огромни штети на вработените во полицијата.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата на Србија, Милош Јеленковиќ појасни дека двата синдиката се потписници на договор во кој се обврзале дека ќе се пружаат взаемна поддршка и дека ќе имаат заеднички активности.

– Она што е проблем во Србија, тоа е проблем и во Македонија, а тоа се платите и заштитата на полицијаците во текот на службата. Ние работиме со нашето Министерство да се зголеми казнената политика и заштитата на полицијата, бидејќи само добро заштитен полицаец може да пружи максимална заштита на граѓаните, рече Јеленковиќ и посочи дека во Србија наскоро ќе има измена на законските решенија во корист на полицајците со кои ќе добијат поголема заштита и нема да бидат осудувани за употреба на оружје пред за тоа да одлучи судот.

Прецизира дека во Србија се слуша гласот на сите синдикати без разлика дали се репрезентативни или не и додаде дека Законот јасно пропишува што прават репрезентативните, а што останатите синдикати.

– Разлика во третманот на синдикатите има само при склучувањето на колективните договори, а при предлозите, сугестиите и решавањето на проблемите застапени се сите синдикати, потенцира Јеленковиќ.

policiski sindikati

Би можело да ве интересира

Синдикатот на полицијата поднесе пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски

Катерина Ѓуровски05/06/2024 - 12:3205/06/2024 - 13:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен