Нема купувачи за лубениците од прилепското село Канатларци

Од:

Во прилепското село Канатларци околу пет илјади тони лубеници чекаат откуп. Земјоделците не се задоволни ниту од побарувачката,ниту од цените. Тие се жалат дека оваа година никој не сака лубеници од 20 килограми за едно евро или по три денари од килограм.

Никој не ги сака лубенициве над 10 килограми. Откупуваат само помали. Не можеме да ги сечеме. Растат големи над 20 килограми на шест декари. Затоа молиме по сокаците во Прилеп да продадеме некое парче – изјавуваат трговците.

Според мештаните, ова лето нагло опаднал интересот за купување ,а не им се исплати бостанот да им го остават на добитокот како храна, бидејќи нема ни толку стока во селото да се храни со пет илјади тони бостан. Трговците се жалат и дека државата не покажала никаков интерес за овој проблем и веќе имаат многу големи штети бидејќи бостанот скапува по нивите.

На околу 200 семејства во Kанатларци единствен извор за живот им е одгледувањето на лубениците, тутунот, житото и на пиперките.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Смилеска: Зошто мамографот во прилепската болница не работи?

Емир Латифовиќ

Работниците од прилепскиот Мермерен комбинат продолжуваат со работа

Емир Латифовиќ

Почна изградбата на нови 76 социјални станови во Прилеп

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Божиноски: Ристески е виновен за заминувањето на прилепската младина

Емир Латифовиќ