Нанче : Мора да се врати довербата во локалната власт

Од:

Кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче со претставници на својот изборен штаб ги посети градската чаршија и градското пазариште и оствари средби со бројни охриѓани. Имено, беа поставувани голем број на прашања до кандидатот особено поврзани со се поголемите економски проблеми на чаршискиот еснаф, слабиот промет во чаршијата и пазариштето, се поголемите економски потешкотии на охридскиот еснаф.

Нанче одговараше на сите прашања во врска со проблемите на охридските трговци и пазарџии. Притоа истакна дека, доколку охриѓани ја дадат довербата на Нанче, тој одговорно и посветено ќе ги решава систематски. Во делот на слабиот промет во чаршијата и пазариштето во Охрид, конкретно, Нанче истакна дека примарно е враќањето на редот и поредокот во Охрид, строга контрола на правилата на игра во однос на конкуренцијата, сузбивање на нелојалната конкуренција, враќање на вербата на граѓаните во локалните власти и ставање посебен акцент на привлекувањето на повеќе туристи во градот. Со зголемен ред и зголемен број на туристи прометите во чаршијата и пазарот ќе растат, а со тоа и стандардот на трговците.

Тука се разбира, што е значајно за туристите е и одржување на највисоко можно ниво на хигиена во центарот на градот. Исто така сигурноста на туристите е многу значајна како и нивните очекувања од автентичноста од изгледот на градот. За овие теми, низ разговорите со охриѓани, кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче им вети особено внимание на овие горливи теми.
„ Зголемен ред, зголемена хигиена, зголемен број на туристи, поголем промет за охридските трговци“ изјави Михаил Трендафилов – Нанче во средбите со охриѓани во чаршијата и пазариштето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нанче: Имам генијална идеја за изградба на марина

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Михаил Трендафилов-Нанче- кандидат за градоначалник на Охрид: Охрид треба да биде среден како Св. Наум

Михаил Трендафилов – Нанче: Тука ќе се роди најубавиот парк, прличевиот парк, паркот на прличевите беседи!

Татјана Ташкова