Наместо шефови, вишите обвинителства добија вршители на должност бидејќи немаше кворум за избор

Од:

Обвинителот Љубомир Јовески поради здравствени причини не дошол на седницата на Советот на јавни обвинители каде требаше да се изберат шефови на вишите јавни обвинителства, но и избор на шефови во основни обвинителства. Поради неговото отсуство, немаше кворум за гласање и носење одлуки. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, посочи дека нема услови за работа.

На седницата требаше да се изберат шефови во Вишото јавно обвинителство – Скопје како и Вишото јавно обвинителство – Гостивар. Бидејќи немаше избор, в.д. шеф, во Скопје е Мустафа Хајрулахи, а во Гостивар, Вјолца Омази. Тие ќе ја вршат функцијата се до изборот кој засега не е закажан. Вршители на должноста шефови се назначени и во на ОЈО Битола, ОЈО Велес, за ОЈО Гостивар, за ОЈО Кавадарци и за ОЈО Куманово.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир Јовевски немаат услови за избор на шефови на Вишото јавно обвинителство – Скопје и Гостивар, но поради испразнетоста на местата да постават в.д. основни јавни обвинители.

Поставувањето на в.д. шефови на вишите јавни обвинителства доаѓа една недела откако „А1он“ го праша Јолевски колкава е можноста да дојде до ваков случај поради неизбор.

„Мој став е дека секогаш треба да има обвинител кој ќе ја презеде обврската, јас сум против в.д.“, додаде Јолески минатиот понеделник.

Отсуството на Јовевски е поради здравствени причини, соопшти Јолески на денешната седница. Денеска Советот на јавни обвинители, го предложи јавниот обвинител Бесир Алиу за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Write to Макфакс / А1он

Би можело да ве интересира

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Советот кој разрешува обвинители гневен: Им тече вода во канцелариите, климите расипани, пари нема

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нема одлука за постапка за разрешување на Катица Јанева

Васко Маглешов

Советот на обвинители нема веднаш да избере замена за Јанева, ќе утврдува дали работела несовесно

Советот на обвинителите не може да назначи в.д. – Кој ќе ја замени Јанева по истекот на мандатот?

Галена Николовска-Ризвановиќ

Советот дал позитивно мислење за двајца кандидати за јавен обвинител

Ана Ололовска