Најстудено утрово во Берово

Од:

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес.

На Попова Шапка има 3 сантиметри снег.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6

Денеска ќе е сончево и студено