Надлежните со апел, да се не се палат стрништата во Пијанец

Од:

Земјоделците да престанат да ги палат стрништата, бидејки се една од најчестите причини за предизвикување пожари. Ова е апелот на надлежните од делчевската противпожарна служба, откако на неколку локации е забележана оваа појава која освен што е штетна по човековата околина е и голем ризик за појавата на пожари.

– Знаеме дека е период кога земјоделците ги прибираат и последните земјоделски култури, а остататокот од растителниот отпад го палат заедно со дувата трева и стрништата во близина што не е дозволено. Со цел да не дојде до ризик од пожари апелираме да го складираат таквиот отпад и да го транспортираат до депонијата за таква намена, велат од ТППЕ Делчево.

Тие информираат дека сите оние кои ќе забележат такви појави да ги пријават до надлежните.

-За да се избегнат казни за овој прекршок пожелно е да се одбегнат ваквите појави. Сепак доколку дојде до несакани проблеми апелираме до граѓаните да го пријават случајот, додаваат од ТППЕ Делчево.

Од делчевската противпожарна служба велат дека годинава за среќа помал е бројот на пожари од минатата година. Годинава како што додаваат поголем дел од интервенциите кои ги имале се на пожари во затворен простор.

Би можело да ве интересира

Изречени 34 казни за палење стрништа

(ВИДЕО) Шилегов: Со подигнатите 600 кубици отпад од стрништа докажавме дека заедно се бориме за чиста животна средина

Запалени стрништа на патниот правец Црник – Пехчево