Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје

Од:

Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.

Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници.

– Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас. Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

Тој соопшти дека се изречени над 40 казни и 70 опомени и на физички и на правни лица.

Најави казни за сите оние што во следниот период несоодветно ќе го одлагаат отпадот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена