На Кочани не му е до музика – откажан дел од програмата за одбележување на Петровден

Од:

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани.

Ваква одлука донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава синоќа се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да започне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.

-Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.

Претходно, родителите на загинатите во дискотеката Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.

Би можело да ве интересира

„Пулс“ треба да влезе во Собрание: Апасиев закажа Комисија, поканети се родителите, нема да дојде Мицкоски

„Марш за ангелите“: Не бараме одмазда, туку правда!

А1он

ВИДЕО: По претставка на родителите на загинатите во „Пулс“, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Катерина Ѓуровски

По осум месеци од трагедијата, почнува судскиот процес за „Пулс“

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Мицкоски не одговори конкретно дали семејствата на настраданите во „Пулс“ ќе добијат парична помош

Катерина Ѓуровски