Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагираше на денешната прес-конференција на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ, за одгледување на тутун на црно на територијата на општина Могила. Министерството вели дека постојано се спроведуваат активности за сузбивање на ваквите појави, што не било случај во текот на владеењето на СДСМ.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство превземаа акција и активности за сузбивање и казнување на лица кои одгледуваат тутун без потребни договори и документи, и во овој случај, уште пред СДСМ да се сети да проговори за оваа тема. Активностите се превземани, за што постои потребна документација и докази. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство се фрапирани од злоупотребата на неодамнешната акцијата за казнувањето на лицата кои без договори одгледувале тутун од страна на СДСМ“, се вели во соопштението.
Во реакцијата се посочува дека во текот на владеењето на СДСМ, пасивни биле и министерството и инспекторатот.
„Разбирлива е нивната вознемиреност особено поради фактот што во времето на владеење на СДСМ земјоделскиот инспекторат неможе да се пофали со каква било успешна акција. Во нивно време не постоеше никаква активност ниту на Министерството, ниту на инспекторатот“, порачува министерството.
Во соопштението се наведува и дека нелегално произведениот тутун се уништува, а за министерството и за инспекторатот сите граѓани се еднакви пред законот, без разлика на партиската припадност.