МВР: Лажна пријава за бомба во зградата на Народна банка на Македонија

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска извести дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје.

„Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен. Денеска по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Вработен во РЕК Осломеј го излажа шефот дека има поставено бомба во термоцентралата

Горан Наумовски

Лажна тревога во РЕК Осломеј: Вработен измисли „бомба“ за да си оди порано дома