МОТ: Чаушидис итно да биде вратена на работа

Од:

„Во очекување на судската завршница, а имајќи предвид дека госпоѓа Чаушидис е синдикален лидер, Комитетот бара од Владата да обезбеди нејзино итно враќање на работа“ се вели во заклучоците на Комитетот за слобода на здружување при Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Комитетот за слобода на здружување на Меѓународната организација на трудот ја разгледа жалбата на Синдикатот на новинари и медиумски работници во случајот со отпуштањето на претседателката Тамара Чаушидис.

Комитетот со жалење констатира дека трудовиот инспекторат пропушти да ги адресира и воопшто да ги земе предвид тврдењата на претседателката на ССНМ дека нејзиното отпуштање е акт на анти-синдикална дискриминација туку се ограничи само на констатирање на наводно спогодбен отказ.

Комитетот со загриженост забележува дека ова е втор таков случај со наводно лажен спогодбен отказ во иста медиумска куќа и дека и двата случаи се уште чекаат судска разврска.

Во препораките на Комитетот се бара од Владата на Република Македонија да ги преземе сите мерки, во иднина, трудовите инспектори целосно да ги истражат наводите за антисиндикална дискриминација и да обезбедат таквите случаи да бидат брзо и ефикасно истражени, како и да го информира Комитетот за развојот на настаните во таа насока.

Воедно од Владата се бара да информира за исходот од судската постапка покрената од Чаушидис за која бараат да биде завршена без одлагање.

Целиот текст од наодите на Комитетот за заштита на слободата на здружување на МОН можете да го проследите на следниов линк.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он