Младите бараат државата да го олесни приспатот до контрацептивни средства

Од:

Во Македонија се поголем е бројот на сексуално преносливи инфекции и расте бројот на несакани тинејџерски бремености, заради што државата мора да го олесни приспатот до контрацептивни средства и едукација на младите.

Тоа беше посочено на денешната трибина „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“, во организација на ХЕРА Млади по повод 26 септември Меѓународниот ден на контрацепција.

– Не постои орална контрацепција на позитивна листа и нема пристап до бесплатни кондоми за младите луѓе во услови на огромна младинска невработеност, каде е многу тешко за еден млад човек да си дозволи контрацептвини средства и да води еден здрав сексуален живот. Сметаме дека е време да си ги побараме своите сексуални и репродуктивни права. Тоа ги вклучува достапноста до контрацептивни средства и едукација за нашето сеопфатно сексуално здравје и права, како и каде да се обратиме и од кого да ги бараме овие информации, изјави Љупка Трајановска од ХЕРА Млади.

Заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски, рече дека сите овие работи во светот се разговараат од 5-6 годишна возраст, а кај нас веќе стана табу да се разговара за тоа.

– Ние како Влада и министерство во нашата програма имаме планирано плус едно контрацептивно средство на позитивна листа. Би сакал во иднина да разговараме и размислуваме во средните училишта да поставиме кондомати, изјави Чакарвоски.

Посочи дека суштинско,сепак, е тоа младите да се ослободат од табуата и станат отворени и одговорни за своето здравје.

Извршниот директор на ХЕРА Бојан Јовановски, рече дека бројките практично се неменливи во изминатите 10 години и во Македонија околу 60 проценти од населението не користи никакво вид на контрацепција, а од тие што користат само 13 отсто употребуваат модерна контрацепција.

– Најшироко употребувана метода со околу 25 проценти е традиционалната метода на повлекување од ејакулација. Оралната контрацепција меѓу младата популација се движи околу 1,5 проценти. Кондомите со шест отсто се најчесто употребувани контрацептивни средства меѓу младите, изјави Јовановски.

Посочи дека според истражувањата Македонија годишно треба да издвојува околу 73.000 долари на годишно ниво за обезбедување контрацептивни средства за младите од 15 до 24 годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Само 13 отсто од жените се изјасниле дека користат контрацепција

Ана Ололовска

Одбележување на 26 Септември-Светскиот ден на контрацепција

Ана Ололовска

Младите во Македонија малку ги користат модерните средства за контрацепција

Ана Ололовска