Митровски: Ако и овој пат дозволиме „кабелот да биде крив” треба да се самоукинеме како држава

Од:

Македонскиот адвокат Јанаки Митровски со објава на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Порача дека корупцијата во земјава генерално убива:

„Ваква трагедија Македонија не памети. Над педесет жртви, бројка која за жал веројатно ќе расте. Нашите срца, мисли и молитви се со семејствата и цело Кочани.

Од искра се запалил кровот. Дискотеката е градена од што, картон? Како објектов добил дозвола за градба, технички прием?! Корупцијата во градежниот сектор и генерално УБИВА!!!

Ако и овој пат дозволиме „кабелот да биде крив” треба да се самоукинеме како држава!!!!“ објави Митровски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он