Мислешево на протести против уривање на столбот за македонското знаме

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Преку социјалните мрежи жителите на струшкото село Мислешево се повикуваат утре да излезат на мирни протести против како што се вели уривањето на бетонскиот столб на влезот од селото каде требало да биде поставено 25 метарско македонско знаме.

Да се собереме во што поголем број за да го кажеме нашиот став за изградбата на јарболот на влезот на Мислешево, и за неправдата која се прави со донесеното решение за уривање на бетонскиот столб на кој треба да се постави јарболот со македонското знаме. Да бидеме сложни, да не се делиме на партии туку заедно да им покажеме дека ова е Македонија и ќе се вее македонското знаме, се вели во повикот.

struga jarbol1

Според кажувањата на локалните жители, знамето требало да биде поставено на приватен имот, а не на јавна површина. Во неделата според нивните кажувања дошле инспектори од општината и го спречиле поставувањето на јарболот со македонското знаме на влезот од селото кај мотелот Амбиент.

Жителите велат дека не сакаат со поставувањето на знамето да навредат никого, ниту една етничка заедница. Градоначалникот на Струга за еден од порталите на албански јазик изјавил дека по добивањето на информации за активностите реагирал согласно законите.

Би можело да ве интересира

Мислешево: И покрај забраната, утре ќе се постави македонското знаме

Предраг Петровиќ