Мишел: Процесот на проширување е базиран на заслуги, но ја имаме предвид и специфичната состојба во Европа

Од:

На денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан ја споделивме нашата заедничка посветеност на заложбата за доближување на Западниот Балкан до ЕУ, преку јасно утврдени патокази за спроведување на реформи и зајакнување на владеењето на правото, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по завршувањето на денешната средба на лидерите на Унијата и на државите од западнобалканскиот регион во Брисел.

– Проширувањето е процес базиран на заслуги, но при тоа мораме да ја имаме предвид специфичната состојба во која се наоѓа Европа, истакна Мишел на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според него, во последниве месеци во ЕУ е развиена поголема волја за забрзување на проширување, но тоа не значи дека може веднаш да се отстранат пречките што постојат во овој процес.

Фон дер Лајен од своја страна истакна дека Европската комисија сака отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, како и почеток на преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе ги исполни поставените критериуми за тоа, во однос на Црна Гора, според неа, има нов моментум со нова Влада која се враќа на европскиот пат, додека за Србија и Косово останува да ја покажат нивната посветеност на дијалогот и имплементација на досега договореното.

Мишел истакна дека во усвоената политичка Декларација на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан се реафирмира целосната и недвосмислена посветеност на Унијата на перспективата за членство на шесте земји од регионот и се повикува на забрзување на процесот на пристапување, врз основа на веродостојни реформи од страна на земјите кандидати и принципот на индивидуални заслуги.

– Без да ја чекаме конечната одлука за проширувањето ние ќе ги доближиме земјите до нас во ЕУ, преку Планот за раст презентиран од Европската комисија. Овој инструмент е многу корисен, што го посочија и многу од лидерите, како значајна алатка што ќе ни овозможи да работиме заедно на доближување на земјите од регионот до ЕУ, истакна Мишел.

Според него, на овој начин ќе се овозможи и привлекување на инвестиции, економски раст и енергетската соработка, во услови кога ЕУ и земјите од регионот се соочуваат со „руската уцена“ во сферата на енергијата.

Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубљи за нејзините испораки на нафта и г

Тој нагласи дека во услови на руската агресија на Украина од голема важност е двете страни да работат на заштита на заедничките вредности и на зајакнување на соработката во борбата против дезинформациите и хибридните и кибер напади.

– ЕУ проектот се базира на зајакнување на отпорноста, изградбата за заедничка иднина, на поголем просперитет и безбедност и на мир и стабилност и затоа е многу важно лидерите да работата на надминување на споровите, додаде Мишел.

Според Фон дер Лајен, проширувањето е само едниот дел од напорите на ЕУ, а другиот дел се однесува на поддршка на економиите на земјите од Западниот Балкан, кои се на ниво од 35 проценти од просекот на Унијата и токму за нивното зајакнување Европската комисија го промовираше Планот за раст, кој се базира на четири столба.

– Првиот столб е отворањето на пазарот на ЕУ за Западниот Балкан во седум сектори. Второ, побаравме од земјите од Западниот Балкан да ги отворат нивните пазари за нивните соседи за да се комплетира заедничкиот регионалниот пазар. Тоа ќе го зголеми БДП на Западниот Балкан за 10 проценти, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, третиот столб на Планот е спроведувањето на реформи од страна на земјите од регионот, што ќе доведе до четвртиот столб, привлекувањето на инвестиции.

-Планот за раст им потенцијал да доведе до двојно зголемување на економиите во регионот за една деценија, потенцира Фон дер Лајен.

Таа истакна дека во регионот се направени и многу мали, но значајни чекори, како што е намалувањето на цените во роамингот од 1 октомври и денеска договорениот патоказ за модернизација на граничните премени, што ќе овозможи повеќе бизнис, трговија и инвестиции.

Во делот на инвестициите, таа истакна дека е договорено инвестирање на 700 милиони евра од ЕУ во седум проекти во регионот, додека во делот на дигитализација се одвоени 15 милиони евра грантови наменети за инсталирање Ви-Фи интернет за 700 општини од Западниот Балкан.

Би можело да ве интересира

Шарл Мишел: Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас