Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа

Од:

Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина. Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации, изјави Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2.

– И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија. Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност. Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај. На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт. Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе! И Македонија останува твоја! Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас! Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа – рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Узунов: Транспортерите ќе имаа образ да се бунат за поскапувањето на акцизата ако ги намалеа цените кога падна цената на нафтата

Маја Илиевска-Пачемска