Министерство за земјоделство: Не се врши притисок за откуп на тутунот

Од:

Владата и министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се прашува од кога почна СДСМ да ги жали тутунарите. СДСМ никогаш не им подели субвенции,а камо ли да им понуди каква било помош. Затоа ќе биде подобро да не ги злоупотребуваат во парстиски цели, реагираат од Министерството на прес конференцијата на СДСМ.

Можеби СДСМ не се сеќава,но јавноста и тутунарите знаат дека оваа Влада уште пред почетокот на новото производството, во март, се договарааше со тутунарите и откупувачите и заеднички најдоа решение за проблемите кои настанаа поради помалата побарувачка на тутунот на светскиот пазар.

Да потсетиме дека оваа Влада најде начин како 24.500 тутунари од вкупно 34.600 да немаат намалување на производството или тоа да биде минимално, а со тоа спокојно да одгледуваат тутун без да стравуваат дали ќе им се откупи.

Ниту Владата, ниту министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство не врши, како што вели СДСМ, притисок на компаниите да го откупат вишокот на произведен тутун.
За воведувањето на електронската евиденција на засадените површини ги повикуваме од СДСМ прво да разговараат со тутунарите и откупувачите ,а потоа да критикува нешто што може само да го подобри работењето на овој сектор.

Би можело да ве интересира

Министерството за земјоделство и шумарство издавало испратници за исечено дрво без регистар и контрола, утврди ревизијата

Орце Костов

Од Владата велат дека се максимално посветени на изнаоѓање алтернативни пазари за земјоделските производи

А1он

Вкупно 1.164 барања со сума од 33 милиони евра за ИПАРД 2 програмата

Цветков: Очекувам парите од ИПАРД 2 програмата да се искористат целосно

Наум Локоски