Министерката Ташевска – Ременски во посета на Струмица

Од:

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски денеска оствари работна посета на Струмица.

По средбата со пензионерите кои користат бесплатно бањско лекување во Бања Банско, министерката посочи дека се залага за вистинска и реална грижа за старите лица, најавувајќи неколку проекти, меѓу кои и можноста за реновирање на, како што рече, субстандардниот кат во Старскиот дом во Прилеп.

– Кога зборуваме за реална грижа за пензионерите мислиме и враќање на годишното усогласување на пензиите со растот на трошоците на живот како што беше до пред три години кога се правеше двапати во годината, во јануари и во јуни. Од пред три години имаме номинално зголемување на пензиите односно целта маса на пензии за 5 проценти и линерана исплата на покачување пензија од 500 денари што сметаме дека не е согласно проинципот на еднаквост по однос на висината на корисниците на пензии. Планираме да го вратиме законскиот основ за двапати усогласување во текот на годината што ќе придонесе за раст на пензиите повеќе од 600 денари. Сумата од 600 денари нема да се укине, туку ќе оди зголемувањето на пензиите нагоре зошто основот трошоците за живот се поголеми од реалното зголемување на пензиите како што е моментот, рече министерката Ташевска- Ременски.

Во таа насока, најави и државна социјална пензија за оние граѓани кои не исполнуваат стаж за остварување право на пензија или пак воопшто не биле вработени, во висина од 60 проценти од просечната плата. Ташевска Ременски истакна дека од општините кои се основачи на домови за стари лица побарале ослободување од трошоци за лекови и лекување на пензионерите кои на сопствен трошок живеат таму. Во однос на здравствената заштита, министерката најави зголемување на висината на пензијата од 13 на 15 илјади денари за бесплатно болничко лекување со можност на нивно лекување во јавното, но и приватното здравство преку потпишување соодветни договори за соработка.

-Кога мислиме на реална грижа, мислиме и на принципот на недискриминација. Сите пензионери во Република Македонија мора да ги уживаат истите права. Бесплатниот превоз што го уживаат пензионерите од градот Скопје мора да биде право и на сите останати пензионери, за да се ослободат трошоците за јавен или за меѓуградски превоз во кој ќе може да го искористат правото исто како пензионерите во Скопје, рече министерката.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа посочи дека е потребно кадровско вложување и покривање на трошоците за превоз на лицата со посебни потреби за зголемување на нивниот број во Дневните центри.

Информира и дека Министерството за труд и социјална политика сериозно размислува за отворање шелтер центри за жртвите на семејно насилство која, како што рече, би била не само за сместувачка, туку и за стручна и финансиска поддршка која им е потребна на овие лица.
Прашана за протестот на лицата отпуштени од кампот во „Винојуг“ Гевгелија, Ременски одговори дека останува на вчерашното соопштение дека Министерството никогаш ги немало ангажирано овие лица, туку оти тоа било обврска на јавното комунално претпријатие од Гевгелија и градоначалникот, кој, според неа, одбил средба со неа за заедничко решавање на проблемот.

Министерката Ташевска Ременски, ги посети Дневниот центар за лица со попреченост, Центарот за социјална работа, пензионерите кои користат бањско лекување во „Бања Банско“, Заводот за заштита и рехабилитација и детската градинка во Струмица.

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ