Министерката Ташевска Ременски го посети Центарот за социјални работи во Тетово

Од:

Министерстката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски денеска ја посети општина Тетово при што се сретна со градоначалничката на општината Теута Арифи и директорот на Центарот за социјална работа Насер Садики.

На средбите, посочи министерката Ременски, биле покренати повеќе прашања и теми чие решавање е од заеднички интерес за подобрување на состојбите за сите граѓани од Тетово и околиината.

– Во разговорите со градоначалничката Арифи беше разгледана инцијативата на општината за згрижување на децата од предучилишна возраст преку отворање центри за ран детски развој. Таа најави дека во скоро време ќе бидат отворени дополнителни три вакви центри со што ќе се подобри состојбата со згрижување на овие деца, изјави Ременски.

Таа се информирала и околу можноста за отворање центри за згрижување на деца од ромската популација, како и центар за згрижување на деца од улица за и овие деца од ранлива категорија да добијат институционална заштита.

Ташевска Ременски посочи дека Министерството до општина Тетово ќе достави допис со кој општината се задолжува во рамки на следните проекти при измена на урбанистичките планови да предвиди место за нова градинка бидејќи според нејзините согледувања во последните четири години не само во Тетово, туку и други општини низ државата не биле опфатени.

Во однос на работењето на Центарот за социјални работи-Тетово и за надминување на недостатокот на материјално технички средства, министерската Ременски најави помош особено за набавка на возила што се неопходни за теренска работа на стручните тимови, како и набавка на опрема и инвентар пред се компјутери, скенери, принтери и друго што недостасува и во многу други места низ државата. Ременски информираше дека завршува проектот за обнова на зградата на Центарот за социјални работи во Тетово и Дневниот центар за деца со посебни потреби во градот.

Одговарајќи на прашање околу состојбите со осигурувањето на имоти и лица во надлежност на Министерството за труд и социјална политика Ременски посочи дека прпоцедурата за јавен повик за осигурителна компанија требало да се изврши во септември, но тоа не било направено.

– По воочувањето на овој пропуст во јануари беше отпочната оваа процедура и сега во тек е жалбената постапка на фирмите што учествуваа на повикот за јавна набавка. Очекувам дека до крајот на неделава ќе биде избрана осигурителната компанија. Истовремено мора да посочам дека во 2013 година, 11 месеци исто така немало осигурување, а во тој период се случиле повеќе кражби како последната во Бутел кога беа украдени три компјутери, така што за овие состојби не треба само јас да бидам прашувана, туку и други лица, рече Ременски.

За состојбата со шесте деца од семејството Маличевиќ од Куманово на возраст од 8 до 18 години, при што две со со интелектуална попреченост, а никое не оди на училиште, Ременски информира дека Центарот за социјална работа во Куманово заедно со нивните колеги од Струмица презеле заеднички мерки за згрижување на дцета додека во тек е бракоразводната парница на нивните родители.

– Кумановскиот центар презеде грижа за покривање на оваа проблематика и пред се за згрижување на децата без да навлегува во личните проблеми со цел децата да бидат соодветно вклучени и згрижени, изјави Ременски.

На прашањето за дом за стари лица во Тетово и околината, Ременски побара од општините да достават барања до Министерството за труд и социјална политика, иако реализацијата на вакви капитални инвестиции, подвлече, ќе зависи од финасиските можности.

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ