Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Денеска министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ – Скопје, д-р Горан Ајдински. На средбата беше разговарано за досегашната и идната соработка помеѓу факултетот и институтите во негов состав и Министерството за труд и социјална политика. Министерката и деканот потпишаа нов Меморандум за соработка во кој се прецизирани повеќе области на соработка и заемна помош: практичната работа на студентите од студиските програми на институтите за социјална работа и социјална политика, социологија, психологија, педагогија, дефектологија и семејни студии на првиот и вториот циклус студии, остварување на општествено корисна работа, научно-истражувачката и апликативната дејност, заемна соработка и помош во организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и сл.

Филозофскиот факултет – Скопје ќе обезбеди 2 (две) школарини за запишани студенти на прв циклус студии за деца од социјално загрозени семејства (корисници на права од социјална и детска заштта) и 2 (две) школарини за втор циклус студии на Филозофски факултет – Скопје за вработени во Министерството за труд и социјална политика и јавните установи под негова надлежност;
Во духот на унапредувањето на соработката од интерес на Министерството и на високообразовните институции во Република Македонија, ќе продолжиме да градиме партнерски односи по примерот на денешниот склучен Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет – Скопје и Меморандумот со факултетот за безбедност – Скопје склучен на 15 септември оваа година.

Со овие Меморандуми за соработка придонесуваме за стручната и образовната надградба на вработените во министерството и помагаме на студентите од семејствата кои користат право од социјална/детска заштита да студираат без школарина на овие два факултети.

Одделение за односи со јавност

Би можело да ве интересира

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Среда неработен ден

Емир Латифовиќ

Министерката Ташевска Ременски го посети Центарот за социјални работи во Тетово

Емир Латифовиќ