Милион евра за реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

По неколку години празни министерски ветувања за реконструкција на студентскиот „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави тендер за избор на градежна компанија што ќе работи на санација на домот.

Изборот за најповолен понудувач ќе трае до 19 мај, а зафатот се очекува да трае три месеци – односно во текот на летото, кога студентите се враќаат дома.

Трошоците е предвидено да изнесуваат 64.750.000 денари без вклучен ДДВ, односно нешто повеќе од еден милион евра.

Одлуката за реновирање на студентскиот дом следува по објавувањето на фотографиите од мизерните услови за живот на студентите во „Гоце Делчев“, кои го обиколија светот.

studentskiPekol5

„Студентски дом од пеколот“, „Норвешки затвор или македонски студентски дом – каде би живееле?“, „Стравотијата што се крие во најодвратниот студентски дом на Балканот“ беа само дел од насловите во странските медиуми.

Домот „Гоце Делчев“ се состои од 4 блока и во престојуваат над 1.200 студенти.

wcstudentski

П.К.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Лифтот во реновираниот дел на студентскиот дом „Гоце Делчев“ згмечи рака на студентка

Емир Латифовиќ

„Гоце Делчев“: Пожарот е во непосредна близина на студентскиот дом

Емир Латифовиќ

ФОТО: Пожар кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“

Емир Латифовиќ

ФОТО: Одбележани 111 години од смртта на Гоце Делчев

Емир Латифовиќ

111 години од смртта на Гоце Делчев

Емир Латифовиќ

Ристовски најави реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Емир Латифовиќ