Мицкоски: Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Божик.

„Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам еден од најсветлите христијански празници, раѓањето Христово, Божик.

На овој голем ден, би сакал да ви посакам мир и благосостојба во вашите семејства кои ќе ве пратат во текот на целата година, Ви посакувам многу среќа, здравје, спокој и љубов за вас и вашите ближни.

Македонија со отворени раце го прифати христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.

Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија. Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва.

Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!“, се вели во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона