Мицкоски: На лидерска ќе разговараме за коронавирусот, па ќе носиме заклучоци за изборите

Од:

Во четврток ќе се одржи лидерска средба за коронавирусот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе учествува на истата заедно со претставник од неговата партија. Тој не беше конкретен во одговорот на прашањето дали ќе дозволат да се одложи одржувањето на изборите, доколку за тоа има потреба поради ситуацијата со коронавирусот.

„Во четврток имаме лидерска средба за да разговараме за ова што денеска е реалност, а поврзано со коронавирусот. Дури потоа можеме да носиме заклучоци што доколку и што, како“, рече Мицкоски запрашан дали ќе се согласи изборите да се одложат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги откаже ниту двата партиски настани, потенцирајќи дека на нив нема да има повеќе од илјада присутни гости. Станува збор за потпишување на договор за коалиција и конвенција, која ќе ја одржи партијата на Мицкоски.

„Двата настана се со вкупна бројка од под 1000 луѓе. Сите треба да допринесеме во справувањето и превентивата за ова што денеска ни се случува. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, вчера, денеска и наредните денови, предлагаме превентивни мерки. На министерот останува дали ќе ги прифати или ќе се случува тоа што се случува. Она што е важно е да се сочува разумот и трпението, да не дозволиме сето ова да ексалира, да не се создава паника помеѓу граѓаните, бидејќи имало и потешки моменти. Јас верувам во институциите, верувам во здравствените работници дека ќе се справат со овој предивзивик“, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чуприна: Одзивот до 10 часот е 10%

А1он