По интервјуто, искршено стаклото на автомобилот од Ермира Мехмети

Од:

Екс пратеничката на ДУИ, која од неодамна е консултант во автрискиот парламент, објави фотографија од скршен прозорец на нејзиниот автомобил и статус во кој кажува дека добива анонимни закани за да биде замолчена. Мехмети за Алсат М во петокот изјави дека ДУИ се морални губитници на изборите и дека граѓаните гласале за промени.

-Може да продолжите да кршите стакла и друго на мојот автомобил, можете да испраќате заканувачки пораки, можете да продолжите со анонимни повици по полноќ, може да продолжите со игрите против мене. Но, тоа нема да ја смени политичката реалност дека не сте ништо повеќе од трагични губитници. Имајте пријатен ден, семејство Мехмети“ напиша таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мехмети: Да бев премиер и да добиев ваков извештај од ЕУ ќе си дадев оставка

Емир Латифовиќ