Маж од Неготино обвинет за труење кучиња

Од:

Основното јавно обвинителство од Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела предизвикување општа опасност како и за мачење животни.

„Обвинетиот, на 8.1.2023 на улицата „Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност. Отровот го консумирало куче кај кое настанала интоксикација и угинало“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

35 работници се затруле во фабриката „Магна“ во Алексинац

Горан Наумовски

Триесетина работници во фабрика во Алексинац се затруле од испарување на лепило

Горан Наумовски

Двајца работници се затруле во свињарска фарма, едниот починал, другиот се бори за живот

Горан Наумовски

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

(ВИДЕО) Во Иран избувнаа протести поради наводно масовно труење на средношколки