Маж од Кисела Вода со воздушна пушка пукал во мачката на соседот

Од:

Полицијата извести дека вчера во СВР Скопје, Б.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 9.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед З.К.(64) од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот.

Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Со воздушна пушка му го убил кучето на соседот

Малолетник убил другар со воздушна пушка: Не се знае како оружјето стигнало до детето

Горан Наумовски