„Марш за ангелите“ во Кочани: Полицајците имаат најголема вина за смртта на нашите деца, во правосудниот систем не веруваме

Од:

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот во дискотеката Пулс“ од 16 март, и нивни поддржувачи вечерва во Кочани помина 17. Марш за ангелите.

Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулето Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, полицијата и пред Судот.

Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, упатувајќи заканувачка порака дека на оној што ќе ги отстрани, му посакуваат да го снајде иста судбина како нивната.

Родител на починато момче ја обвини кочанската полиција дека нивни службеници имаат најголема вина за смртта на нивните деца, затоа што кобната ноќ ја затвориле врата на дискотеката Пулс“, па нивните деца гореле затоа што не можеле навреме да излезат.

Рекоа дека на правосудниот систем не му веруваат, посочувајќи ги странските дипломати и новинари, кои според нив, кога доаѓале кај нашите политичари, им укажувале дека судството не ни функционира и после 35 години самостојност.

Родителите најавија дека и понатаму ќе продолжат со марширањето за нивните ангели.

Би можело да ве интересира

Мицкоски не одговори конкретно дали семејствата на настраданите во „Пулс“ ќе добијат парична помош

Катерина Ѓуровски

Мојсоска: Власта веќе нема изговори – надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има

ВИДЕО: „Придружете ни се за жртвите кои засекогаш го променија нашето општество“ – Марш на ангелите в сабота во Скопје

Катерина Ѓуровски

Обвинителска одлука за полицајците осомничени во случајот „Пулс“ ќе има на почетокот на следниот месец

ВИДЕО: Обвинети се среќавале со оштетени, родителите на жртвите од „Пулс“ доставиле докази до Обвинителството

ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен