„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

Од:

Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, станаа од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија.

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесет минутно обраќање, во кое, покрај другото, рече дека им е доста од не казнивост, од корупција и од молк.

– Каде се институциите? Каде е системот што требаше да не штити? Каде беа тие што седат во своите луксузни канцеларии, во меките фотелји, платите што ги земаат од народни пари — а не видоа, не слушнаа, не почувствуваа дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм, запраша Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, починат во пожарот во кочанската дискотека.

Протесниот марш, откако претходно ги помина Трговскиот центар, просториите на УЈП и Полициската станица, продолжи кон зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани, каде на влезната врата од оградата на овие институции, беа оставени фотографии од починатите во пожарот од 16. март.

Протестниот марш на родителите и нивните поддржувачи заврши во „Паркот на Револуцијата“.

Би можело да ве интересира

Во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“, родителите на починатите во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење

Горан Наумовски

„Марш за ангелите“ во Кочани – од утре едночасовни блокади на сообраќајот додека не започне судењето за „Пулс“

А1он

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Во Кочани денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“

А1он

„Марш за ангелите“ во Кочани: Поминаа скоро 3 месеци откако е донесен обвинителниот акт, до кога да чекаме?

А1он

Марш на ангелите во Кочани: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли!

А1он