Маркоска: Искористувањето на рудни богатства е приоритет за економски развој

Од:

Во однос на денес искажаните ставови и загриженост на нашите опозиционери, би сакале да истакнеме дека нема ништо ново од СДСМ како партија која настапува безидејно. Зошто постојано СДСМ врши опструкции на било какви проекти кога и самите знаат и кажуваат дека дозволата за експлоатација на минералните суровини и договорот за концесија на рудникот се издадени од надлежните институции во РМ согласно важечката законска регулатива, реагираше порпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Валентина Маркоска по прес-конференцијата на Александар Кирацоски.

„И покрај тоа што се издадени сите дозволи и исполнети се законските обврски за СДСМ сепак во ова има тема за прес и манипулација на јавноста. Иако насекаде во светот искористувањето на рудните богатства во функција на економски развој е приоритет, сепак за СДСМ тоа е само тема за собирање на политички поени.

Кога не се погрижиле да се информираат за она што го зборуваат пред јавноста, сакаме дополнително да ги информираме и дека локацијата за рудникот (а не каменоломот како што тие тврдат) е утврдена од страна на Министерството за економија по претходно добиено мислење од сите релевантни министерства, вклучително и Министерството за животна средина.

За соодветната локација исто така е изготвена Студија за влијание врз животната средина. Дополнително, концесиониерот е обврзан да изврши ремедијација на самата локација односно да пошуми исто толкава површина колку што во текот на работата ќе експлоатира. Оваа инвестиција нуди и нови работни места , кои за СДСМ изгледа и незначат ништо, за нив најдобро би било кога работите би останале исто како во нивно време, да не се менуваат, бидејки нивната цел е манипулација на јавноста и ширење на паника и покрај тоа што оваа инвестиција ја има обезбедено целокупната документација и запазена е законската регулатива за заштита на животната средина“, рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Новото седиште во Битола е од членарина и донации