Mакедонските автомобили се враќаат уништени од Грција

Од:

Годинава во неколку наврати биле регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани кои патувале за Грција информираат од МВР.

Последниот случај од страна на граничната полиција бил регистриран на 26 јуни, на граничниот премин (ГП) „Богородица“.

Годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани. Во првиот случај на ГП „Богородица“ евидентиран е оштетувања на регистарски таблици на патничко моторно возило марка „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Р.Т. од Битола, која пријавила дека на 21.04. во местото Лефкада, со црн спреј и се оштетени предната и задната регистарска таблица. А, во вториот случај, на 06.05.2014 г., лицето Х.Ц. од Скопје кој управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во градот Солун му била оштетена со црн спреј предната регистарска таблица и предната десна страна од возилото, потсетуваат денеска од МВР.

Од овие случаи во грчката полиција е пријавено само за случајот на Лефкада, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за настанот.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Развиорено знаме и македонско оро среде Грција

Емир Латифовиќ