Македонски планинарски тим се искачи на Елбрус, највисокиот врв во Европа

Од:

Во период од 4 до 16 јули во организација на Планинарскиот клуб “Предејане“ од Република Србија, беше оформена експедиција за искачување на Планината “Кавказ“ во Руската федерација,со главна цел освојување на највисокиот врв во Европа, Елбрус од 5642 метри.

Водач на експедицијата беше Зоран Павловиќ-Паче, броеше вкупно 17 планинари од кои шестмина беа од Македонија и тоа Успрцов Зоран, Павловски Диме, Ајановски Ташко, Антов Тоше, Јакевски Златко и Србиновски Аце, сите дел од различни планинарски клубови во РМ и страсни заљубеници на планините.

По сеопфатните подготовки за овој потфат, долгиот пат Скопје-Белград-Москва-Минералне Воде(Русија) и извршената аклиматизација за екстремните временски услови првата база за македонско-српскиот тим беше селото Терсол на надморска висина од 2100 метри.

Како што не информираа планинарите за да го освојат Елбрус чекале неколку дена од причина што временските услови биле екстремно лоши, дувало силен ветар,имало врнежи од снег и густа магла. Од страна на руските метеоролошки служби за тој реон добиле исцрпни информации за временските услови за деновите кои што следувале одржале состанок на целата група и донеле одлука нокта во вторникот према среда да започне финалниот поход кон Елбрус!

Анализите,планот и информацииите се покажале како вистински и точни и сето тоа заедно резултираше во средата во 10 часот и 15 минути по руско време со освојување на највисокиот врв во европа. За поголем дел од македонскиот тим ова претставува еден вид хет трик бидејки успешно го имаат развиорено македонското знаме и на Мон Блан и врвот на алпите, Монте Роса.