„Македонија пат“: Проодни се сите патни правци во државата

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни.

Како што информираат од ЈП Македонија пат на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Од јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од Автомото сојузот на Македонија, пак, соопштија дека ГП Евзони (Богородица) е отворен за секаков вид сообраќај од 23.10 часот. Од АМСМ додаваат дека на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до денеска до 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Би можело да ве интересира

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

AМСМ: На одредени делници поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар