Македонија на нога: Помош за Турција и Сирија – еве каде и како може да помогнете

Од:

Македонија и Македонците се на нога по вестите за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Од сите страни се упатуваат молитви за настраданите и побрзо заздравување на повредените.

40 спасувачи испраќа Дирекцијата за заштита и спасување, обучени за барање под урнатини. Според информациите од директорот Беким Максути тие најдоцна до утре ќе заминат во Турција.

И осум пожарникари од Општина Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), ќе заминат во спасувачка мисија во Турција, со надеж и уверување дека ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

„Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија“, велат од Општина Струмица.

Веднаш се отворија телефони за донација, а се објавија сметките на Црвениот крст. Еве како може да донирате.

  • На телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1 – Донација од 100 денари со повик.
  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
  • За донации на средства во странска валута:
Name of the organization: Red cross of the Republic of North Macedonian

Bank name: Komercijalna banka AD Skopje

Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, Macedonia

Bank account: 300000000000133 25730522-11

Swift code: kobsmk2x

Iban code: mk07300701000001228


Никој не остана рамнодушен на страшните слики од погодените градови. Граѓаните повикуваат на солидарност и хуманост. Македонија од секогаш знаела да подаде рака и помогне.

„Да покажеме дека сме благодарни што светот нам ни излезе во пресрет при катастрофалниот земјотрес во Скопје, да се обидеме колку можеме да им помогнеме на луѓето во Турција и Сирија“, се вели во објавите на социјалните мрежи.

Дел од граѓаните и со свои иницијативи за донации.

На фејсбук групата стари скопјани е објавена иницијатива за крводарителска акција

„ Стари скопјани дали може да се отвори пункт за крводарителсво да даруваме крв за Турција“

На фејс профилот пак на Село Прдејци веќе е организирана акција за собирање на ќебиња, храна и останати потребни работи за погодените градови во Турција и Сирија

Од друга страна Советот на Град Скопје информира дека е закажана итна вонредна седница на Совет на Град Скопје за 8 февруари 2023 година (среда) со почеток во 13:00 за носење одлука за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што зафати делови од Туркије и Сирија.

 

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес го погоди Кушадаси