На планината Кожув, во рудникот Алшар, пронајдено е богато лежиште на еден од најретките минерали во светот. Станува збор за лорандит (којшто се нарекува сончев камен), а многу години истиот е предмет на истражување и своевремено беше активен меѓународен специјален проект “Лорекс“, пренесува Нетпрес.
Непроценливо значење за една земја има нејзиното минерално богатство, а нашата земја е богата со минерали, исплатливи за експлоатација.
Академикот Глигор Јованоски и професорите Блажо Боев и Петре Макрески го потврдија тоа во нивното дело за кое поминале 25 години во истражување, а се вика “Minerals from the Republic of Macedonia with an introduction to “Minerology“.
Моментално тоа е достапно исклучиво на англиски јазик, а е краток вовед во минерологијата, како и опис на геолошките зони во Македонија, на вкупно 66 локалитети. Од таму се собирани минерални примероци, за 80 минерали е даден целосен опис, а уште 5 остануваат за понатамошно истражување.
Рудникот Алшар се наоѓа на територија на општина Кавадарци е национално богатство на Македонија. Станува збор за антички рудник во планината Кожув. Во него има богато лежиште на лорандит, наречен сончев камен, за кој се верува дека е еден од најретките минерали во светот. Лорандитот со години е предмет на истражување и беше активен меѓународен специјален проект “Лорекс“.
До значајно откритие на тајната честичка неутрино, за која се претпоставува дека е носител на енергијата од Сонцето, дојдено е при крајот на осумдесеттите години од минатиот век, а се уште има многу за истражување во оваа насока.
Д-. Блажо Боев, професорот од штипскиот универзитет, најави дека се одобрени средства за проектот “Лорекс“. Истиот ќе биде реактивиран по 15 годишна стагнација. Досега се евидентирани 4.700 различни минерали на светско ниво, а во Македонските наоѓалишта се пронајдени околу 2,77% од вкупниот број на познати минерали во светските наоѓалишта, поточно 130. Академикот Глигор Јовановски го поткрепува ова со конкретни факти и вели дека Македонија зафаќа 0,017 отсто од вкупната територија на светот, а поседува речиси 3% од вкупното минерално богатство.
Ова дело би требало да послужи како медиум за популаризирање на фирмите кои работат со експлоатација на минералните богатства на Македонија.