Македонците се подебели

Од:

И мажи и жени и возрасни и деца – дебелината во Македонија нема таргет група, се повеќе Македонци страдаат од зголемена телесна тежина.

Последните истражувања на Институтот за јавно здравје покажуваат дека секој трет Македонец има проблеми со покачани килограми.

Според истата студија се смета дека дури 20 до 40 отсто од децата, како и 80 проценти од адолесцентите целиот живот ќе бидат соочени со проблемот со прекумерна телесна тежина.

Но, она што загрижува е дека дури кај 18 проценти постои ризик дебелината да го земе данокот.

Прекумерна тежина е ризик и за крвта и за рбетот и коските, жлездите и уште низа опасни болести, а дури 40 отсто од граѓаните одговориле дека не помислуваат на никаква физичка активност и на промена на начинот на исхрана, а за голем дел од нив дебелината воопшто не е болест.

Просечниот Македонец не се откажува од голема гозба и полна софра. И всушност додека им се потсмеваме на Американците и нашата земја полека но, сигурно го зазема своето место во графата на земји како дебела нација.

Се повеќе се прифаќа модерниот начин и брзото темпо на живеење.

Се заборава на свежите прехрамбени продукти и производите од зелените пазари. Истите се заменуваат со висококалрична храна која тешко се троши и се таложи во телото, а се заборава на физичката активност и на пешачењето.

Родителите не им создаваат навика за здрава и правилна исхрана на своите деца, а дури и во училиштата на дофат им се чипсови, сендвичи, газирани сокови. Корените несомнено се во најраната возраст.

Во Македонија, 32 отсто од децата од предучилишна возраст се со прекумерна телесна тежина, а околу 28 проценти од второодделенците го имаат истиот проблем. Дебелината кај децата во Македонија е трипати зголемена во последните 30 години.

Црвеното светло е запалено, дебелината создава ризици за повеќе заболувања, меѓу кои е и дијабетесот, болест што последниве години достигна степен на епидемија меѓу најмладите.

Кај мажите најдоминантна е дебелината во делот на стомакот. Кај жените таа различно го напаѓа телото. Но, како заеднички именител речиси секогаш се јавува влезот во менопауза по кој доаѓа до енормно зголемување на тежината.

Кога килажата ќе ја премине црвената линија, генетскиот фактор е најлесното и единствено образложение, но стручните лица објаснуваат дека тој нема толку големо значење колку налинот на исхрана и физичка активност.

Она што ги загрижува лекарите, нутриционистите, тренерите и инструкторите по вежбање е дека иако на оваа тема е доста зборувано, нивните препораки ретко се применуваат. Во македонските семејства не се негува здрав начин на исхрана.

Советите не допираат до нив од повеќе аспекти. Трка за егзистенција, се повеќе сакаме храна која е во фокусто на маркетингот, со висока енергија, слатки, чипсови, а на сметка на нив ги забораваме зеленчукот и овошјето.

Нутриционистот Цвета Динева, вели, Македонците заборавија да јадат свежо овошје и зеленчук. Наместо здрава и балансирана исхрана луѓето се почесто посегнуваат по препарати за слабеење, чаеви, таблети намалување на тежина, продукти кои им се нудат како магични.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он