Ловното друштво „Острец“ стана концесионер на четири ловишта

Од:

Ловното друштво „Острец“ од Делчево стана концесионер на ловиштата Влаина, Голак, Бигла и Киселица.

– Три од четирите ловишта што ги добивме со концесијата се за крупен дивеч на рок од 20 години, а едно за ситен дивеч на 10 години, изјави Драган Христов, претседател на делчевските ловџии.

Во ловиштата, додаде, најзастапени се дивите свињи, зајаците и прелетниот дивеч, а од годинава, по долгогодишната забрана, ќе се овозможи и лов на срни.
За концесијата „Острец“ ќе плаќа концесиски надоместок од 2,3 милиони денари, а ловџиите за отстрел на дива свиња ќе плаќаат по 1.000 денари, а за ситен дивеч 100 денари.

Во ловното здружение „Острец“ членуваат над 250 ловџии, на кои годишната членарина им изнесува по 3.000 денари.

Би можело да ве интересира

Шакалот намножен, ловџиите бараат новиот закон да дозволи отстрел

Наум Локоски